Почнува јавниот увид во Избирачкиот список, ќе трае до 11-ти март

26.02.2020 12:01

Во овој период гласачите ќе може да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во списокот.

Почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае до 11-ти март. Во него моментално има 1.817.028 гласачи. Своите податоци може да ги проверат електронски на интернет- страницата на ДИК.

Во овој период гласачите ќе може да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во списокот.

Почнува и собирањето на потписи на избирачите за кандидатите за пратеници. Службените лица од ДИК потписите ќе ги собираат и пред надлежен нотар, што беше утврдено на седницата.

Секој избирач ќе има можност да даде поддршка за повеќе листи на кандидати кои треба да се достават најдоцна до 12-ти март на полноќ.