Финансиска поддршка за организирање на агро- саеми и манифестации

26.02.2020 12:33

На локалните самоуправи, земјоделските здруженија и стопански комори им остануваат уште неколку денови за да се пријавуваат за финансиска поддршка за организирање на агро- саеми и манифестации. Рокот за пријавување ќе трае до 28-ми февруари. Еден корисник може да добие до 2.000 евра.

До крајот на неделава можат да се поднесуваат документите на огласот објавен од јануари годинава, за финансирање на организирање и спроведување на саеми и на локални манифестации за промоција на земјоделски производи.

Право на учество на јавниот повик имаат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството, руралниот развој, стопански комори и задруги.

Барателите треба да достават план на активности со временска рамка за реализација на предлогот , методологија за нивна реализација, финансиски план и извори на финансирање.

Максималниот износ  за еден барател е до 120.000 денари по саем или манифестација.

За реализацијата, корисниците треба да спроведат постапка за јавна набавка, а во рок од десет дена по завршување на настанот, односно промоцијата треба да изготват извештај за реализираните  активности.

Краен рок за поднесување апликациите е до 28-ми февруари 2020 година.

Методија Трајков