Одбележување 16 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски
Претседателот секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија, неговата клучна улога во процесот на помирување и склучување на Охридскиот рамковен договор и неговата непосредност и ведрина- напиша шефот на државата Пендаровски.

Шестнаесет години од трагичната несреќа во која загина поранешниот претседател Борис Трајковски кај Ротимље во близина на Мостар. Владина делегација положи цвеќе на неговиот гроб во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел.
Претседателот секогаш ќе го паметиме по неговата визија за успешна Македонија, неговата клучна улога во процесот на помирување и склучување на Охридскиот рамковен договор и неговата непосредност и ведрина- напиша шефот на државата Пендаровски.
Членови на кабинетот оддадоа почит и кај Ротимље. За причините за падот на владиниот „Кингер“ со кој патуваше претседателот Трајковски, беа извршени две истраги и објавени два извештаи.
Како причина за падот на авионот се наведуваат пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.
Во несреќата заедно со претседатлот на Република Македонија Борис Трајковски, загина осумчлена делегација која патуваше на меѓународна конференција во Мостар.
