Соопштение за испити во Министерството за животна средина и просторно планирање
Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира сите
заинтересирани кандидати дека:
- Првиот дел од испитот за стекнување звање - Експерт за оцена на
влијание на проекти врз животната средина е закажан во вторник на
24.03.2020 година од 9.00-11.00 часот, а вториот дел од испитот е закажан
во понеделник на 13.04.2020 година од 15.50-17.50 часот.
- Првиот дел од испитот за стекнување звање - Експерт за стратегиска
оцена на животната средина е закажан во петок на 20.03.2020 година од
09.00-11.00 часот, а вториот дел од испитот е закажан во понеделник на
13.04.2020 година од 13.40-15.40 часот.
- Првиот дел од испитот за управител со отпад е закажан во вторник на
18.03.2020 година од 09.00-11.00 часот, а вториот дел од испитот е
закажан во понеделник на 13.04.2020 година од 11.30-13.30 часот.
Крајниот рок за пријавување за сите испити е 10 март, 2020 година.
Огласите за полагање на испитот за стекнување звање - Експерт за оцена на
влијание на проекти врз животната средина, Експерт за стратегиска оцена на
животната средина и Управител за отпад, Програмата за полагање на испитите,
како и сите потребни материјали може да ги најдете на веб страницата на
Министерството www.moepp.gov.mk
