Засилени контроли на граничниот премин „Меџитлија“
На граничниот пемин „Меџитлија“ се пименуваат превентивни мерки на заштита, а посебно внимание надлежните посветуваат кон патниците кои доаѓаат од кризните региони- Италија и Кина. Од синоќа се применуваат и мерките од препораките на Министерството за здравство и во битолската Клиничка болница...
Веќе четврти ден согласно со препораките, на гарничниот премин Меџитлија се применуваат превентивните мерки за заштита од корана вирусот. Граничните службеници рабоотаат со заштитни маски и нараквици, а на патниците им се дели и пропаганден материјал. На ганичниот премин засега нема инсталирано термална камера па затоа патниците кои тука транзитираат и доаѓаат од ризичните подрачја, посебно од Италија и Кина се под засилена контрола, а информациите постојано се споделуваат со експертите од битолскиот Центар за јавно здравје.
Не е мал бројот на нашинците што живеат и работаат во Италија, кои со брод патуват до Игуменица, а потоа влегуваат на овој премин.Објективот на камерата забележа дека некои зад воланот седат со заштитни маски. Засега, кај патниците од пограничните региони, психолошкиот монент е на завидно ниво.
Новонастанатата состојба не влијае негативно на обемот на фрекфенција. Првиот регистриран случај во земјава, барем на прв поглед не внесе некоја поголема паника токму кај оние што најмногу се во контакт.
Инаку од синоќа во битолската клиничка болница се применуваат и упатствата од ресорното министерство со кои се намалува фрекфенцијта во установата.
Стевче Митревски
