Поддршка за евроинтеграција на Западен Балкан
Министрите за надворешни работи на Вишеградската група земји во Прага дадоа поддршка за евроинтеграцијата на Западниот Балкан. Вишеградската група земји поддржува и поголема регионална соработка на Западниот Балкан. Потпишан е меморандум за соработка меѓу Меѓународниот фонд на Вишеградската група и Фондот за Западниот Балкан...
Европската комсија во извештаите за напредокот на Северна Македонија и Албанија ќе констатира сериозен напредок и се надевам дека со ова ќе ги убедиме земјите-членки да почнеме преговори со двете земји, откри еврокомесарот за проширување Вархеји по средбата на Вишеградската група и земјите од Западниот Балкан во Прага.
„Имавме прва консултација на Советот за општи работи неделава и ќе имаме уште една во март пред Европскиот совет. Работиме со сите земји- членки и мислам дека ќе биде многу важно по Извештајот што ќе биде објавен идната недела, да можеме да дискутираме за методологијата, но и за отворањето на преговори на следниот Европски совет“, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји.
Поддржуваме почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија бидејќи земјите ги исполнија условите и нема причина за одложување во март, истакна шефот на чешката дипломатија Петричек.
„Блиску сме до позитивен исход на Европскиот совет во март за почеток на преговоори со Северна Македонија и Албанија“, рече Томаш Петричек- министер за надворешни работи на Чешка.
Проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан е високо на агендата на Вишеградската група, Словенија, Австрија и Хрватска кои по новата методологија очекуваат Унијата да донесе одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, истакнаа претставниците од регионот на состанокот во Прага.
„Зборувам во име на земјите од Западниот Балкан кои делат иста географија и голем дел од економијата и инвестициите. Обединета, просперитетна и безбедна Европа не е можна без целосна интеграција на нашиот регион. Една работа што го обединува регионот е заедничктаа желба за ЕУ интеграција“, рече министерот за надворешни, Никола Димитров.
Европските претставници истакнаа дека евроинтеграцијата на регионот е приоритет за ЕУ што ќе биде корисно не само за земјите-кандидатки, туку и за членките на Унијата во нивното соседство.
Ирина Гелевска
