Владимир Тодоровиќ денеска треба да сведочи за „Рекет“
28.02.2020 10:25
Вчерашното рочиште беше одложено за денеска, поради отсуство на бизнисменот Владимир Тодоровиќ, кој е еден од 12-те предложени сведоци од обвинетиот Бојан Јовановски.
Во скопскиот Кривичен суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“. Вчерашното рочиште беше одложено за денеска, поради отсуство на бизнисменот Владимир Тодоровиќ, кој е еден од 12-те предложени сведоци од обвинетиот Бојан Јовановски.
Како сведок, треба да се појави и Лидија Јаневска, која за вчерашното рочиште немала уредна достава на поканата.
Случајот се наоѓа во доказна постапка, a судијката Васка Николовска-Масевска, соопшти дека судот го одбива барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за укинување на мерката притвор.
