Повторно одложено рочиштето за „Рекет“

28.02.2020 12:31

Судијката потврди дека сведокот Дејан Панделевски не бил пронајден на адресата, па поканата била доставена на работното место. Од таму ги известиле дека Панделевски е на службено патување.

Судењето за „Рекет“ се одложи повторно поради неприсуство на сведоците предложени од првообвинетиот Бојан Јовановски. Судијката потврди дека сведокот Дејан Панделевски не бил пронајден на адресата, па поканата била доставена на работното место. Од таму ги известиле дека Панделевски е на службено патување.

За вториот сведок немало уредна покана. Ова е второ одлагање за два дена откако вчера пред судот не се појави сведокот Владимир Тодоровиќ за кого судот добил известување дека е на службен пат.

За следното рочиште на 3-ти март поканети се да сведочат Алекс Кртов, Сергеј Варошлија, Марија Јанковски, Дејан Панделевски и Лидија Јаневска.