Димитров на средба со министрите од групата земји- членки на ЕУ „Пријатели на проширувањето“
Средбата со шефот на дипломатијата димитров се случува во пресрет на дискусиите во Советот за општи работи на ЕУ за носење на одлуката за почеток на пристапните преговори на Македонија со Унијата.
Министрите за надворешни работи на Полска, на Латвија, на Литванија и заменик-министерот за европски прашања на Естонија, како претставници на групата земји- членки на Европската унија „Пријателите на проширувањето“, се во посета на земјава.
Средбата со шефот на дипломатијата димитров се случува во пресрет на дискусиите во Советот за општи работи на ЕУ за носење на одлуката за почеток на пристапните преговори на Македонија со Унијата.
Димитров брифирал за наодите на Европската комисија во мини извештајот, во кој се констатира дека државава ги зголемила напорите и испорачала натамошни суштествени и одржливи резултати во клучните области идентификувани во заклучоците на Советот на ЕУ од јуни 2018-та, потврдувајќи ја како важечка, препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Министерот за надворешни Димитров, попладне ќе биде домаќин и на кипарскиот шеф на дипломатијата Никос Христо-Дулидес, кој ќе престојува во прва официјална билатерална посета на нашата земја.
