Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување сведоци на одбраната
Обвинетиот Бојан Јовановски повлече дел од понудените сведоци. Го извести судот да не ги повикува Јовче Ременски, сопругот на Фросина Ременски, како и бизнисмените Тодоровиќ и Панделески.
Судењето за случајот „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоци, предложени од првообвинетиот Бојан Јовановски. Тој повлече дел од понудените сведоци. Го извести судот да не ги повикува Јовче Ременски, сопругот на Фросина Ременски, како и бизнисмените Тодоровиќ и Панделески.
Модни куќи му подаруваа облека на Јовановски, а вредните уметнички слики во неговиот стан беа земени на реверс- сведочеа стилистот Сергеј Варошлија и сопственикот на галерија, Александар Кртов. Потврди дека бил чест гостин кај неговата баба од која како што рече, Јовановски стекнал имотна корист. Знаел дека и обвинителката Русковска гостувала во домот на бабата на Боки 13. Покрај Јовановски, во рекет обвинета е и екс- специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
