Финансиска помош за рибарство
Рибарството и аквакултурата и годинава финансиски ќе се поддржува преку програмата за рибарството донесена за 2020 година. Сумата која им стои на располагање на стопанствениците во овој бизнис е речиси иста како и лани и изнесува 1,5 милиони евра.

Со 1,5 милиони евра и во 2020 година финансиски ќе се поддржи порибувањето на езерата и реките, и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
Исто така во текот на годинава сопствениците на рибници ќе имаат право на парична помош и за пилот проекти, развој на нови пазари и за промотивни кампањи.
За порибување на Охридско Езеро со подмладок со Охридска пастрмка се предвидени 6 милиони, а за порибување на Дојранското и Преспанското езеро со крап 750 илјади денари.
Финансиска поддршка од 1 милион денари ќе има и за мандрите на Дојранското езеро.
За аквакултурата се предвидени 44 милиони денари за 50 проценти од вложувањата, како и за порибителен материјал во висина од 40 отсто од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок.
Финансиската помош ќе се доделува со кофинансирање по реализацијата на активностите.
Сумата може да се зголеми од 55 до 65 отсто доколку се работи за млад земјоделец, дололку носител на стопанството е жена или ако објектот се наоѓа во некое од неразвиените ридско планинси подрачја.
Методија Трајков
