Прилеп

Традиции: Прослава на „Тримир“ три дена по Прочка

04.03.2020 11:07

Во Прилеп се негуваат традиционалните адети за повеќето празници. Така е и за денешниот празник „Тримир“ на третиот ден по Прочка. Младите невести, свршениците се на гости кај мајките. Има блага пченица, посна трпеза, совети, подароци. Се чуваат традициите, а младите сакаат да додадат и нешто ново...

Млади невести, свршеници, девојки за мажење. Сите денес се на гости кај мајките. Крај посна трпеза, со убаво расположение и песна, со по некој совет да се слушаат свекрвите - поминува традиционалното прославување на празникот „Тримир“, третиот ден по Прочка. Во Прилеп традициите се силни.

Женскиот празник „Тримир“ не може да се замисли без блага пченица и боза. Има посебна симболика.

Прилепското здружение „Преродба“ 15-ина години ги негува традициите и адетите за поголемите празници. Велат мисијата им е да ги зачуваат традиционалните македонски вредности. Младите додаваат нешто ново.

Празникот „Тримир“ е на третиот ден од почетокот на големите Велигденски пости.

 

Елизабета Митреска