Нема новозаразени со Ковид-19

Патниците на „Визер“ од Милано и Венеција ќе пополнуваат формулар при влез во земјава

04.03.2020 13:16

Министерот Филипче со апел до граѓаните да не патуваат во кризните региони. Лицата кои со „Визер“ доаѓаат од Милано и Венеција на Скопскиот и на Охридскиот аеродром, во авионите ќе треба да пополнат здравствена карта за подобра контрола.

Во последното деноноќие нема новотестирани од Ковид-19. Единствената пациентка заразена со коронавирус што се лекува на Инфективната клиника, е во добра здравствена состојба. Од денеска во училиштата достава на дезинфекциски средства.

Министерот Филипче со апел до граѓаните да не патуваат во кризните региони. Лицата кои со „Визер“ доаѓаат од Милано и Венеција на Скопскиот и на Охридскиот аеродром, во авионите ќе треба да пополнат здравствена карта за подобра контрола.

„Апелирам повторно, доколку не е нешто итно и неодложно да не се патува во ризичните региони. Се одлучивме за уште еден чекор, за подигнување на контролата на уште повисоко ниво. Патниците со авионите на Визер од Милано и Венеција на Скопскиот и Охридскиот аеродром ќе пополнуваат здравствен локатор, карта за контрола и следливост на патниците“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Сѐ уште се во изолација осум кинески работници и двајцата лекари што беа на симпозиум во Шпанија.