ВМРО-ДПМНЕ: „Шпанско село 2“ проект на семејството Филипче
Ниту Министерството за здравство, ниту пак, министерот Филипче немаат одговор како најблиското семејство на неговата сопруга има заеднички имот и инвестиции со човек чија што фирма од ресорот здравство има добиено тендери вредни над седум милиони евра, изјави портпаролот Стоилковски.
ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара одговори за „Шпанско село 2“. Ниту Министерството за здравство, ниту пак, министерот Филипче немаат одговор како најблиското семејство на неговата сопруга има заеднички имот и инвестиции со човек чија што фирма од ресорот здравство има добиено тендери вредни над седум милиони евра, изјави портпаролот Стоилковски.
„Филипче не одговара, зошто неговото министерство лажно тврди дека имотот во сосопствеништво и во партнерски однос меѓу семејството на сопругата и добитникот на тендерите од здравството, е земјоделско а не градежно земјиште. Уште повеќе што тврди дека СЕ ГРАДИ, значи е градежно земјиште. Згора на се семејството и добитникот на тендерите заедно финансирале во изработката на урбанистички план за објекти за времено сместување. Значи, познатата Касарна на Филипче не е семејна куќа“, изјави Стоилковски.
„Шпанско село 2“ е проект на семејството на сопругата на Венко Филипче, кој што се реализира за време на неговото министерување. На падините на Водно се градат објекти за времено домување, кои што се маскирани, за сега неуспешно, во градба наводна на семејна куќа. Партнерот, соинвеститорот, сосопственикот на плацевите во „Шпанско село 2“ е добитник на речиси 8 милиони евра од тендери во здравството- велат од партијата.
