Филипче: Лажни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ
04.03.2020 13:27
Oпозиционерите шират дезинформации, бидејќи немаат аргументи да ги побијат достигнувањата на Владата, вели министерот за здравство, Венко Филипче...
ВМРО-ДПМНЕ кога нема аргументи, шири лажни вести и неаргументирани обвинувања- одговори министерот Филипче на пресот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски.
Додаде дека опозиционерите шират дезинформации, бидејќи немаат аргументи да ги побијат достигнувањата на Владата.
Не очекувам ништо друго од опозициска партија која не нуди ништо сериозно. Тие ќе продолжат со обвинувања и лажните вести, ние ќе продолжуваме со работата- вели Филипче.
