Случај „Рекет“: Сослушување сведоци предложени од Јовановски
Хирургот Тони Јосифовски кој двапати го оперирал Јовановски, одговори дека во 2016 и 2018, двапати се сретнал со пациентот пред да се оперира, но и потоа, по успешната операција, кога Боки-13 бил многу задоволен.
Судењето за случајот „Рекет“ продолжи со сослушување на сведоци, предложени од првообвинетиот Бојан Јовановски. Хирургот Тони Јосифовски кој двапати го оперирал Јовановски, одговори дека во 2016 и 2018, двапати се сретнал со пациентот пред да се оперира, но и потоа, по успешната операција, кога Боки-13 бил многу задоволен.
Адвокатот на првообвинетиот, Сашо Дуковски, хирургот го прогласи за непријателски сведок, откако по прашање на одбраната дали познава некој од обвинетите, лекарот одговори дека ја познава поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.
Лекарот кажа дека му правел преврски на Јовановски во неговиот дом, а еднаш и во домот на Камчев, кој е сопственик на болницата каде што тој е вработен.
На прашање на Јовановски, лекарот Јосифовски рече дека се знае со обвинителката Вилма Русковска, со која некогаш оделе и на ручек во ресторани.
Освен лекарот, како сведок на одбраната е предложен и Стојан Арсовски кој му бил возач на Бојан Јовановски.
