Искористување на стручноста за одржливи градови
Инженерската фела во државава уверува- решенија за загадувањето и одржливост на градовите има, но потребни се пари и заеднички пристап. Апелира, да се усвојат еврокодовите за да можат и странски фирми да проектираат во државава. Од Комората велат- има и недостиг на млад кадар, оние што завршуваат, заминуваат...
Работиме според стандарди и европските искуства, квалитетот на проектираните градби со наша стручност не може да се спори- уверува инженерската фела пред која велат, останува предизвикот, заедничкиот капацитет да го стави на распоредување и урбанистичките планови. Ние ги создаваме и ние треба да ги решиме проблемите, целта не е да критикуваме, решенија за загадувањето има, велат од Комората со став дека им е потребна финансиска поддршка за идеи во интерес на граѓаните и нормалното живеење.
„Индустриски капацитети, возила, прашина од градба, значи ние го создаваме и ние треба да го решиме проблемот. Мислиме дека инжинерите имаат капацитет да го решат, но треба да се најдат финансиски средства за поткрепа на таквите идеи. Би почнале од се, првин од историја на болеста, а потоа еден по еден би ги решаваме проблемите. Но, мора да работиме здружено сите, секој во своето поле да одработи тоа што го знае најдобро. И граѓанските организации имаат своја улога, но кога ќе му дадете на некој да го решава проблемот со сообраќајот, тоа треба да биде сообраќаен инженер, машинец, кој ќе го усогласи сообраќајот за да има помало загадување“, вели проф. Миле Димитровски.
Интердисциплинарниот пристап е битен, но за архитектиете и инженерите во земјава предизивик останува потенцијалот во креативноста и иновативноста заедно да го насочат, градовите да станат одржливи и подобро место за живеење.
Апел, што поскоро да бидат усвоени еврокодовите кои се веќе доставени до надлежните институции, за се отворат вратите со нивна примена да можат овде да проектираат и европски фирми.
И Комората на овластени архитекти и инженери која има 3.500 членови се жали на недостаток на кадар. Велат, универзитетите се соочуваат со недостаток на студенти, државата со проблемот да ги задржи и оние што завршуваат.
Сузана Фиданска- Стоевска
