МАПАС: Септемвриска сесија на испит за агенти на пензиските друштва
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС ја известува јавноста дека организира септемвриска сесија на испит за агенти на пензиските друштва, и тоа во следниот редослед:
I. Кандидат
Првиот (теоретски) дел за полагање испит за агенти на пензиски друштва ќе се одржи на 16.03.2020 (понеделник) година со почеток во 13:30 – 15:30 часот (просторија 1);
Кандидатите кои ќе го положат првиот дел од испитот имаат право да полагаат втор (практичен) дел на 24.03.2020 (вторник) година во 13:30 – 15:30 часот (просторија 1).
II. Кандидати пријавени од Сава пензиско друштво а.д. Скопје:
Првиот (теоретски) дел за полагање испит за агенти на пензиски друштва ќе се одржи на 17.03.2020 (вторник) година со почеток во 13:30 – 15:30 часот (просторија 1);
Кандидатите кои ќе го положат првиот дел од испитот имаат право да полагаат втор (практичен) дел на 25.03.2020 (среда) година во 13:30 – 15:30 часот (просторија 1).
III. Кандидати пријавени од ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје:
Првиот (теоретски) дел за полагање испит за агенти на пензиски друштва ќе се одржи на 18.03.2020 (среда) година со почеток во 09:00 – 11:00 часот (просторија 1);
Кандидатите кои ќе го положат првиот дел од испитот имаат право да полагаат втор (практичен) дел на 19.09.2019 (четврток) година во 13:30 – 15:30 часот (просторија 1).
Локација на испитниот центар:
Правен факултет „Јустинијан Први“
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Бул. Гоце Делчев 9б, 1000 Скопје
Република Македонија
