Еколошката свест сеуште на ниско ниво
Граѓаните сеуште не се совесни иако комуналните редари постојано казнуваат.

Отпадоците не завршуваат онаму каде што им е местото. „Скопјани“ се нај недисциплинирани.
Отпадоците се уште не се фрлаат таму каде што им е местото. Фрчат казни за несовесните граѓани. Повеќето одбираат да вршат општо корисна работа за општината одошто да платат глоба. Лани Министерството за внатрешни работи издало околу 3500 платни налози за сторени прекршоци според Законот за јавна чистота. Скопјани се на прво место, а битолчани се најдисциплинирани.
-„ Најголем број од прекршоците се однесувааат на продажба и излагање земјоделски и индустриски производи 1.347 прекршоци, за фрлање и оставање отпадоци од градежен материјал 1.086 прекршоци и за фрлање и оставање хартија, отпушоци, мастики, амбалажи и др. За отпадоци, освен на местата определени за таа намена 486 прекршоци“, изјави Марија Јаковлеска – портпарол на МВР
Малолетниците се повнимателни од постарите.
Градските комунални инспектори имаат богато искуства со непочитувачите на законот.
-„Постојат и такви случаи каде што граѓанинот одбива да даде легитимација и тогаш со полициска асистенција ги обезбедуваме тие податоци“, вели Игор Никовски – помошник на сектор за инспекциски работи во Општина Кисела Вода
Казните за непочитување се движат од 50 до 200 евра. Доколу не се плати во рок од 30 дена, се поведува прекршочна постапка преку Министерството за транспорт и врски, а потоа настапуваат извршителите.
Доколку не сакате да се соочите со казна, тогаш почитувајте го Законот за јавна чистота.Отпадоците нека завршат онаму каде што им е местото.
Новинар Ана Јосифоска
Снимател Светозар Ристов
