Ќе се разгледуваат нови засилени мерки за заштита од Ковид-19
Како што соопшти Министерството за здравство, состанокот ќе се одржи во проширен состав, а на него ќе присуствуваат и искусни експерти од различни области. Мерките, Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата.
Министерот за здравство Венко Филипче претпладнево ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести и Комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот, на кој меѓудругото ќе се разгледуваат и евентуални нови засилени мерки за заштита на населениото и превенција од понатамошно ширење на вирусот Ковид-19.
Како што соопшти Министерството за здравство, состанокот ќе се одржи во проширен состав, а на него ќе присуствуваат и искусни експерти од различни области. Мерките, Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата.
Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес- конференција веднаш по завршувањето на седницата.
Министерството за здравство информира и дека здравствената состојба на сите седум пациенти кои се позитивни на коронавирусот и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести е стабилна.
