МНР препорачува да не се патува во Италија

10.03.2020 12:26

За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, се препорачуваат зголемени мерки на претпазливост во секое време и да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти.

Со оглед на рапидноста на развојот на настаните со вирусот Ковид-19 во Италија, препорачуваме нашите граѓани да не патуваат на целата територија на Италија, соопштуваат од Министерството за надворишени работи.

За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, се препорачуваат зголемени мерки на претпазливост во секое време и да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти.

Генералниот конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско- конзуларни претставништва во истиот регион, како и заради понатамошна превенција од ширење на Ковид-19, во следниот период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации, велат од МНР.

За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат Конзулатот во Венеција на + 39 389 5837913 или [email protected].