Лекарската комора не може да ја одземе лиценцата на директорката на Клиниката за кожни болести

10.03.2020 12:05

Нејзината лиценца може да биде одземена единствено ако против нејзе се поведе кривична постапка, односно институциите утврдат дека таа сторила кривично дело.

Лекарската комора не може да ѝ ја одземе лиценцата на директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска, заразена со коронавирус, бидејќи во Законот за здравствена заштита не постои таква можност. Засега, единствено може да изрече јавна опомена за директорката, објаснуваат од таму.

Нејзината лиценца може да биде одземена единствено ако против нејзе се поведе кривична постапка, односно институциите утврдат дека таа сторила кривично дело.

Етичка комисија на лекарска комора утре ќе одлучува дали ќе и биде изречена јавна опомена.