Заострување на мерките против коронавирусот

10.03.2020 13:02

Владата заседава околу препораките на Комисијата за заразни болести која побара заострување на мерките за заштита и превенција. Предлага сите образовни институции и детските градинки да запрат со наставата во следните две недели.

Здравствената состојба на сите седум пациенти позитивни на корнавирусот хоспитализрани на Клиниката за инфективни болести е стабилна, информираат од Министерството за здравство.

Владата заседава околу препораките на Комисијата за заразни болести која побара заострување на мерките за заштита и превенција. Предлага сите образовни институции и детските градинки да запрат со наставата во следните две недели.

Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено и спортски натпревари.