Кандидатските листи пред Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

10.03.2020 13:15

Засега официјално имиња не се откриваат. Неофицијално, како носители се спомнуваат, генералниот секретар Јанушев и Гордана Силјановска- Давкова.

ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот Централен комитет треба да ги потврди кандидатските листи за предвремените парламентарни избори. Засега официјално имиња не се откриваат. Неофицијално, како носители се спомнуваат, генералниот секретар Јанушев и Гордана Силјановска- Давкова.

Од партијата велат дека на листите ќе бидат личности со потврдено политичко портфолио. Лидерот на партијата Мицкоски смета дека не треба паралелно да биде и кандидат за мандатар на Влада и кандидат за пратеник.