ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го загрозува здравјето на граѓаните

10.03.2020 11:37

Партијата ќе поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство. Побара одговорност и оставка од ресорниот министер.

По серијата пропусти, Венко Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата ќе поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство. Побара одговорност и оставка од ресорниот министер.

„По откривањето на постоењето на вирусот според наши сознанија направен е обид за премолчување на вистината и притисок да не се дознае во јавноста, што е навистина скандалозно. Со несовесно однесување, по направени серија на пропусти Венко Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното обвинителство за загрозување на здравјето на граѓаните. Потребна е одговорност и поднесување на оставка“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ бара распуст за учениците и строга евиденција на лицата што доаѓаат од кризните региони.