Загуби поради откажување на аранжманите
Откажани се сите гости за месец мај и делумно за јуни. Коморите со барање за поддршка од државата за привремено ослободуваење од придонеси за шест месеци, формирање фонд за штети, како и намалување на данокот на храна од 18 на 5 проценти.
Туристичкиот сектор бележи загуби поради откажувањата или одложувањата на туристичките аранжмани. Од туристичкиот сектор велат дека сѐ поалрмантна е состојбата и во дојдовниот туризам. Откажани се сите гости за месец мај и делумно за јуни. Коморите со барање за поддршка од државата за привремено ослободуваење од придонеси за шест месеци, формирање фонд за штети, како и намалување на данокот на храна од 18 на 5 проценти.
„Сфаќаме дека коронавирусот е глобален проблем, но сите држави преземаат мерки за да ги задржат луѓето во туристичкиот сектор на работа. Всушност, нам тоа сега ни е и најголем проблем. Паниката го прави своето, но не смееме да дозволиме компаниите да банкротираат“, истакна Влатко Сулев од Националната асоцијација за инкаминг туризам.
Според Даниела Василевска од Стопанската комора на Македонија, неопходно е неодложно делување и поддршка од страна на Владата и надлежните институции за да не дојде до рапидно намалување на вработените во туристичкиот сектор.
Владимир Граматиков од Комората за туризам при Сојузот на стопански комори апелираше македонските туристи во претстојниот период да се насочат кон домашните дестинации и сместувачки капацитети со што би му помогнале на секторот.
Во туристичкиот сектор момненто директно се вработени 20.000 лица, а индиректно преку 100.000. Мерките што беа презентирани денеска, се веќе доставени до Министерството за економија. Коморите очекуваат позитивен одговор.
