Министерство за економија

Ситуацијата со коронавирусот да не се користи за постигнување придобивки

11.03.2020 14:46

Владата работи во насока на превенција и намалување на бројот на заразени, согласно препораките од СЗО. Се следи ситуацијата во сите индустриски гранки, се вели во соопштението...

Од Министерството за економија посочуваат дека земјава како и сите други во светот се соочуваат со последиците од Ковид-19. Владата работи во насока на превенција и намалување на бројот на заразени, согласно препораките од СЗО. Се следи ситуацијата во сите индустриски гранки, се вели во соопштението.

Во моментов приоритет е здравјето на граѓаните. Според сознанијата, штетите во туризмот ќе бидат најголеми. Затоа туристичките здруженија и комори ќе треба да достават анализа на штетите предизвикани од откажување на аранжманите.

Од Министерството со апел дека главен предизвик е решавање на проблемот со вирусот, тоа не треба да биде можност за користење на ситуацијата за одредени придобивки.