Филипче: Тројца од пациентите со Ковид- 19 имаат лесно влошување на состојбата
Тројцата пациенти се во повозрасна категорија, имаат над 65-66 години. Во текот на ноќта немаше тестирано пациенти, утрово е јавен еден пациент којшто на 7-ми март дошол здрав од Германија...
Од деветте пациенти на Клиниката за инфективни болести, шест се во стабилна состојба. Кај тројца од нив има лесно влошување на состојбата, што значи дека имаат нешто поотежнато дишење, сѐ уште не е потребна респираторна поддршка, меѓутоа се интензивира терапијата- соопшти на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Тројцата пациенти се во повозрасна категорија, имаат над 65-66 години. Во текот на ноќта немаше тестирано пациенти, утрово е јавен еден пациент којшто на 7-ми март дошол здрав од Германија, но заради висока температура денеска се јавил на Инфективната клиника, изјави Филипче. Се очекуваат и резултатите на сите оние кои беа во изoлација во врска со првозаразената пациентка од Ковид-19 во земјава, а на кои што им истече 14- дневниот период на изолација.
Министерот Филипче соопшти и дека е назначена нова директорка на Клиниката за дерматоневерологија. Исто така, на редовниот состанок на Комисијата за заразни болести, на Комитетот за пратење на состојбите, разгледани се и низа на дополнителни мерки.
