Ангеловска: Буџетот на Здравство е добро скроен и може да издржи дополнителни потреби

12.03.2020 14:38

Буџетот е во добра состојба, ние се наоѓаме на почетокот на годината, ако го погледнеме и Буџетот на Министерството за здравство, тој е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби- вели министерката за финансии...

Буџетот е во добра состојба, ликвиден и ги сервисира потребите. Буџетот на Министерството за здравство е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во емисија на национална телевизија.

Буџетот е во добра состојба, ние се наоѓаме на почетокот на годината, ако го погледнеме и Буџетот на Министерството за здравство, тој е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби, како што сега имаше потреба да се набавува дополнителна заштитна опрема, за сето тоа, во моментот нема потреба од користење на резерви од превземање на средства од други министерства, затоа што Министерството за здравство има така скроен Буџет за да може да одговори и на ваква состојба - рече Ангеловска.

Таа посочи дека најопасното нешто е паниката, и дека е потребно е да бидеме будни и координирани. Рече дека во Министерството за финансии веќе има состаноци, како и со сите економски ресори и се прават симулации и потенцијални сценарија, кои всушност се дел од планирањето и предвидувањето и следењето во Министерството за финансии, без разлика на ситуацијата.