С О О П Ш Т Е Н И Е
Согласно со Заклучоците на Владата на РСМ и согласно со Препораките и превентивните мерки од Комисијата за заразни болести, во услови на глобална пандемија на коронавирус, Ве известуваме дека Првиот програмски сервис работи со намалени човечки и технички капацитети. Со цел исполнување на обврските, кои што Јавниот радиодифузен сервис ги има како членка на Европската радиодифузна унија, сите човечки и технички ресурси се ставени во функција на Информативната програма.
Ве известуваме дека Првиот програмски сервис воведе вонредна програмска шема во којашто приоритет имаат дневно-информативните изданија, прес - конференциите во кои се известува за состојбата со коронавирусот и соопштенија за Заклучоците на Владата на РСМ. Програмата е приспособена за сите ранливи категории на граѓани
Во соработка со Министерството за образование и со Бирото за развој на образованието, а со цел придонес кон неформалното образование, Првиот програмски сервис емитува проект „ТВ Училница“ секој работен ден со почеток од 10.30 часот.
Гледачите на Македонската телевизија, сите прашања, забелешки, сугестии за програмата, можат да ги поднесат на електронската адреса [email protected].
Сите вработени во Јавниот радиодифузен сервис се придржуваат до начелата на Етичкиот кодекс за новинарите, креативните кадри и сите вработени во МРТ.
