Пет новозаразени со Ковид-19, меѓу нив четири здравствени работници од Дебар

17.03.2020 18:18

Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар.

Министерството за здравство информира дека попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од кои 5 се позитивни на вирусот.

Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар.

Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјава се искачи на 31.