Јавен повик за ангажирање новинари-дописници и сниматели за потребите на Дописничката мрежа на ЈРП МРТ
22.03.2020 15:39
Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија, за потребите на Дописничката мрежа на МРТ ангажира на хонорарна основа:
- новинар и снимател во Штип
Лицата кои ќе пројават интерес да се пријават за сниматели, задолжително треба активно да работат компјутерска монтажа на аудиовизуелни дела.
Сите заинтересирани лица треба да поднесат Пријава по јавен повик со пропратна кратка работна биографија на следната адреса:
ЈРП Македонска радио телевизија Бул. Гоце Делчев бр. 18
1000 Скопје
Или на електронската адреса [email protected]
Јавниот повик трае 7 (седум) денови од неговото објавување.
МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА
