Технолошки иновации кои ќе ја подобрат живеачката
Американските домови се повеќе се дигитализираат. Компаниите за електроника исфрлија на пазарот телевизори со заоблени екрани за подобар 3-де ефект. Дали вратите и прозорите во куќата и автомобилот се затворени, дали работи некој апарат во кујната и како да зготвите некое јадење, сите овие информации може да ги добиете со овој специјален часовник.

„Целата идеја е со само еден поглед на часовникот, да видите дали имате доволно бензин во автомобилот, дали некој ве барал на мобилниот телефон и да телефонирате.„
Најновиот автомобил на иднината не само што работи на електричен погон со батерии, туку има и соларни плочи на покривот од кои може да се надополнуваат батериите.
„Ова е чекор понапред. Можете да ја напојувате со енергија литиумската батерија во вашиот автомобил со користење на сончевата светлина во текот на денот.„
Џенерал Моторс разви возило што не ја загадува околината и може да се паркира речиси насекаде дури и во густо населените градови.
„Развивме решение кое се вика Шевролет Енви и во основа е возило за едно лице специјално наменето за сообраќај во градовите. Енви не ја загадува околината, лесно се управува и е безбедно бидејќи може да комуницира со останатите возила во сообраќајот, и лесно може да се паркира на кое било место.„
Дали се сеќавате на филмот „Враќање во иднината„, каде повеќе не се потребни врвки за врзување на патиките а имаат и светло. Токму ваков пронајдок , американскиот гигант за спортска опрема „Најк„ ќе пушти во продажба од 2015-та.
Вообичаено, најновите иновации доаѓаат од воената индустрија. Најновото возило амфибија, кое може да се движи во вода, на песок, мочуришта и на копно е возило што може прво да дојде на места погодени со цунами и може да се размонтира на составни делови поедноставни за транспорт.
Во Америка се развива прототип на подморница „Супер Фалкон„ која што може и да лета. Научниците сметаат дека во иднина, океаните ќе бидат место каде што ќе се бараат рудни богатства и ќе се произведува храна. Вакво возило само пред половина век беше фантазија претставена во филмовите за Џејмс Бонд, а денеска може да се купи по цена од 1,7 милиони долари.
„Минатогодишните економски анализи покажуваат дека во Америка најмногу заработуваат компаниите што вложуваат во иновации.
