26 нови случаи на Ковид-19, еден починат, девет пациенти излекувани
Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица, велат од Министерството за здравство...

Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март, информира Министерството за здравство.
Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица, велат од Министерството.
Од ресорот здравство соопштуваат и дека поради зголемениот обем на работа и информации и се поголемиот број на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до Институтот за јавно здравје, од утре Институтот за јавно здравје ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15:00 часот за што Министерството за здравство веднаш ќе испрати информација до медиумите.
