Голем интерес за „ин витро“ на сметка на ФЗОМ

09.03.2014 18:08

Расте интересот и за второ дете со биолошки потпомогнато оплодување на сметка на Фондот за здравствено осигурување што стартуваше годинава.

Актуелна тема на блоговите изминатиов период. Кои документи се потребни, која е постапката, изјави на надеж дека нивното барање за ин витро ќе биде одобрено. Изминативе два месеци надлежните разгледале над 200 предмети.

Од почетокот на годината досега Фондот за здравствено осигурување на 132 брачни двојки им одобрил инвитро на сметка на државата.

Жените имаат право на три „ин витро“ интервенции на сметка на здравствената каса, без оглед  дали станува збор за прво или за второ дете.

-„Поседуваме опрема за контролирано замрзнување на билошкиот материјал кој би се искороистел во некој повторен обид за забременување“, изјави д-р Марија Хаџилега, Директор на Клиника за гинекологија и акушерство

50 проценти се можностите да се забремени од првиот обид. А веројатноста да се роди здраво бебе е над 80 проценти. Медицината нуди многу можности. 

-„Преимпалантациона дијагностика нуди можност за контрола на ембрионот кај оние пацинетки кој кои има предиспозиции за некое генетско заболување“ - Д-р Марија Хаџилега, директор на Клиника за гинекологија и акушерство

Изминативе три години речиси 6000 брачни двојкиподнесле барање за ин витро. Повеќе од половина добиле пари. Постапкатапретходно идните родителиги чинеше и до 5000 евра,ако ја правеа на свој трошок. За годинава се издвоени 2,5 милиони евра за двојките што не можат да добијат дете по природен пат.

Наташа Јанчиќ