Здравство

Проект „Рурален доктор“

09.03.2014 18:15

Од 1 март стартуваше проектот рурален доктор. Опфатени се сите населени места, каде што граѓаните до сега немаа директен пристап до лекар во нивното место на живеење.

Рурален доктор, министерството за здравство два месеца го спроведуваше како пилот проект.

Висок крвен притисок, шеќер во крвта, астма, аритмија на срцето, жителите во руралните средини каде што нема лекар не биле ниту свесни дека живеат со овие болести- покажале извештаите од пилот проектот рурален доктор.

Од први март, на 309 пунктови, еднаш неделно во селата има медицински тим од доктор и сестра.

-„ова е еден од проектите кој овозможуваат сериозно подигнување на квалитет на здравството во државата од една страна, но од друга страна сериозно влијаат позитивно врз превенцијата“ изјави Никола Тодоров- министер за здравство

Преку овој проект до крајот на годинава ќе бидатпрегледани над 359 илјади жители. Во изминативе два месеци биле преглдани девет илјади лица.

-помалите села кои имаат од 50 до 60 жители, ќе ги посетува патронажен тим од доктор и сестра. Такви се 538 населени места.

Постојните медицински тимови ќе се доекипираат со 30 доктори и 22 сестри, а по изборите целосно ќе се формираат 71 тим, оспособени за имплементирање на проектот рурален доктор.

 

Андријана Атанасовска