Тачи: Да не ги засрамиме албанците во Македонија

09.03.2014 18:37

За лидерот на ДПА Мендух Тачи неприфатливо е во 21 век албанците во Македонија да размислуваат и да гласаат за претседателски кандидат Македонец...

Во ДПА, вели Тачи несакале да се срамат па тоа е причината зошто го номинирале Илјаз Халими за претседателски кандидат..

„Незамисливо е во 21 век да не притискаат да размислуваме и гласаме за еден македонски кандидат. Што треба да значи ова, целосно компромитирање на нашите барања. И од тука излегува главната причина зошто ние професорот Илјазин го кандидиравме за претседател. Тој е единствен албански кандидат, само за да не ги засрамиме албанците во Македонија,“ рече Тачи.

Тачи  смета дека тие како партија имаат одличен кандидат за претседател на Македонија, а државата е во вонредни недоразбирања кои ги правеле некои албанци.

Централното Собрание на ДПА на седница ги утврдува листите на кандидати за претстојните предвремени парламнетарни избори. Првиот човек на ДПАе уверен  во победа на претстојните избори но сепак тој вели дека последна работ на која размислува е дали може да дојде до смена на партнерите во владеачката коалиција.Во кампањата за претседателските ДУИ ќе продолжи со промововирањее на концептот консензуален претседател.Не би се согласил дека со реизборот на Ѓорге Иванов за претседател на Република Македонија може да се влезе во криза,далеку е од тоа,оцени Муса Џафериод ДУИ.Ние имаме наш многу транспарентен став за функцијата претседател на државата или за консензуалниот модел,вели Џафери.Шпекулација би била кој ќе биде поприфатлив.според нашата пракса,партиските гласачи ќе одлучат кој ќе биде идниот шеф на државата,оценува Муса Џафери.