97 лица не го почитувале полицискиот час, 62 приведени

09.04.2020 10:13

Исто така според статистичките податоци на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие, 97 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 62 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.

Исто така според статистичките податоци на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници при извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката.