Шефот на ОБСЕ/ОДИХР ќе ги претстави активностите за претседателските избори

10.03.2014 08:58

Набљудувачката мисија за претседателските избори е воспоставена на покана од Министерството за надворешни работи на Република Македонија...

Амбасадорот Герт-Хајнрих Аренс, шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР на престојните претседателски избори во Македонија денеска во Скопје ќе ги претстави улогата и активностите на мисијата.
 
Со тоа тоа ќе биде официјализирано отворањето на Набљудувачката мисија за избори на канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ за претседателските избори во Македонија на 13 април годинава.
 
Набљудувачката мисија за претседателските избори е воспоставена на покана од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, а ОДИХР очекуваат таква покана да биде упатена и за набљудување на предвремените парламентарни избори на 27 април годинава.