Нови 48 случаи на Ковид-19, вкупно дијагностицирани 711 пациенти

10.04.2020 14:03

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Потврдени се 48 нови случаи на Ковид- 19 во изминатото деноноќие, соопшти Министерството за здравство. Со ова вкупно во земјата се дијагностицирани 711 пациенти.

Новодијагностицираните по градови се од Скопје – 11, Куманово – 25, Штип – 1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид – 1, Гостивар – 2. Во текот на изминатото деноноќие направени се и рекорден број на тестови, вкупно 496.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството за здравство информираше во текот на вчерашниот ден.

Резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот. По добивањето на резултатите, на прес- конференција министерот за здравство Венко Филипче ќе ги соопшти деталите.

Во моментов се одржува вонредна консултација помеѓу стручниот тим на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за да се утврдат следните чекори во однос на заштита и изолација во зависност од исходот на резултатот, велат од ресорот здравство.