Филипче: Заев е негативен на тестот за Ковид-19

10.04.2020 17:58

Се продолжува со препораките, а тоа е самоизолација од една недела за двајцата лидери, со оглед на тоа што контактот со заболениот бил пред една недела Сите оние кои досега имале контакт со нив не се во никаков ризик и не треба да се тестираат, рече министерот Филипче...

Негативни се резултатите за Ковид-19 кај лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Се продолжува со препораките, а тоа е самоизолација од една недела за двајцата лидери, со оглед на тоа што контактот со заболениот бил пред една недела Сите оние кои досега имале контакт со нив не се во никаков ризик и не треба да се тестираат, рече министерот Филипче.

Претхотно Филипче објави дека се негативни резултатите и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Двајцата лидери беа тестирани откако беше потврдено дека позитивен на Ковид-19 е новинарот во чија емисија гостуваа.