760 лица заразени со Ковид-19, МАНУ прогнозира пикот да биде на почеток на мај со 1.100

12.04.2020 09:27

Иако здравствените власти предвидуваат врвот на епидемијата да биде кон крајот на април со околу 2.000 заболени, експерти на МАНУ вчера излегоа со предвидување дека максималниот број инфицирани од коронавирус во земјава се очекува да се случи во почеток на мај со околу 1.100 заразени...

Бројот на лица заразени со вирусот Ковид-19 во земјава се зголеми на 760 лица, откако вчера беа регистрирани 49 нови случаи, додека две лица починаа. Од новозаболените, 13 се во Скопје, 14 во Куманово, шест во Штип, осум во Прилеп, шест во Велес и по еден во Гостивар и во Кочани.

Министерството за здравство вчера соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73 години) од Прилеп, примен на болнички третман  на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина новодијагностициран пациент (76 години).

До вчера до 15 часот според објавената статистика – 760 заболени, 41 излечени, 34 смртни случаи и 685 активни случаи на коронавирус.

Досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19.

Според местото на живеење, досега во Скопје се регистрирани 297 заболени, Куманово – 18, Дебар – 49, Штип-27, Прилеп –58, Тетово – 31 Струга – 33,Велес – 24,Битола –8, Охрид –4, Кавадарци – 3, Гостивар –7, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 20,Пробиштип – 1.

Иако здравствените власти предвидуваат врвот на епидемијата да биде кон крајот на април со околу 2.000 заболени, експерти на МАНУ вчера излегоа со предвидување дека максималниот број инфицирани од коронавирус во земјава се очекува да се случи во почеток на мај со околу 1.100 заразени.

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев информира дека заедно со м-р Петар Јовановски изучувале модел преку Ковид-19 и на смртни случаи.

Според нивното истражување, овие резултати се пооптимистички во однос на предвидувањата на здравствените власти дека врвот на епидемијата ќе се случи кон крајот на април со околу 2.000 заразени.