МВР: 138 лица не ја почитувале забраната за движење, 121 приведен

12.04.2020 10:57

На 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација...

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР на ниво на целата држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци на 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.