Нови 68 случаи на Ковид-19, вкупно 828

12.04.2020 12:42

Според местото на живеење, досега се регистрирани во: Скопје – 312, Куманово – 200, Дебар – 49, Штип-27, Прилеп –72, Тетово – 33, Струга – 43, Велес – 30, Битола –9, Охрид –4, Кавадарци – 3, Гостивар –8, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 21, Пробиштип – 1...

Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1, информира Министерството за здравство.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во: Скопје – 312, Куманово – 200, Дебар – 49, Штип-27, Прилеп –72, Тетово – 33, Струга – 43, Велес – 30, Битола –9, Охрид –4, Кавадарци – 3, Гостивар –8, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 21, Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 404 теста. Преку ИЈЗ – 300, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19, велат од ресорот здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.

Во „8 септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.

Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.