МВР: 172 лица не го почитувале полицискиот час, 134 приведени

13.04.2020 10:12

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (12/13.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.

Исто така според статистичките податоци не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.