Можности и предизвици
Во рамките на Проектот Техничка поддршка на граѓанските организации –ТАКСО, се организира стратешка работилницата „Социјално претприемништво, можности и предизвици„ која ќе се одржи во денеска во Скопје.

Настанот има за цел да стимулира дебата и активности на национално ниво во врска со развојот на социјалното претприемништво. Целта е да се дискутира за регулативата, политичките мерки, стратешките опции и предизвиците за социјалното претприемништво и да се дојде до препораки за создавање поволна средина за социјалните претпријатија.
Работилницата е организирана во рамките на програмата „Луѓе за луѓе“ во соработка со Делегацијата на ЕУ во земјата и со група од 5 граѓански организации кои со поддршка од ТАКСО проектот учествуваа на две конференции за социјално претприемништвото одржани во јануари 2014 година во Стразбур: Македонска развојна фондација за претпријатија - МРФП, Центар за институционален развој - ЦИРа, Асоцијација на советници за развој на кариера - АСК, Институт за развој на заедницата - ИРЗ - Тетово и Фондацијата Фокус - Велес.
Воведната сесија ќе биде отворена за медиумите и на неа ќе се обратат: Диме Спасов, Министер за труд и социјална политика и Амбасадорот Аиво Орав, специјален претставник на Европската Унија и шеф на Делегацијата на ЕУ
Финансиран од Европската Унија, проектот Техничка поддршка за граѓанските организации (ТАКСО 2) од земјите корисници на инструментот ИПА, e дел од Структурата за поддршка на граѓанското општество кој има за цел да го зајакне граѓанското општество во партиципативната демократија како и да поттикне “опкружување” и култура поволни за граѓанското општество во ИПА земјите од Западен Балкан и Турција.
Проектот се спроведува од SIPU International AB Шведска, заедно со конзорциум партнерите. За спроведување на активностите на национално ниво формирана е национална канцеларија во Скопје.
