МВР: 42 лица не го почитувале полицискиот час, 32 приведени
28.04.2020 10:13
Во текот на изминатото деноноќие, на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација...
Во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење, и притоа приведени се 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Во текот на изминатото деноноќие, на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
