Предложениот тридневен првомајски карантин на владина седница

28.04.2020 10:36

Одлуката ќе биде донесена на седница на Владата.

Владата денеска ќе одлучува дали граѓаните ќе ги поминат првомајските празници во тридневен карантин, по препораките на Комисијата за заразни болести која предложи полицискиот час во земјата за 1 Мај да трае од 19 часот в четврток до пет часот в понеделник, сличен на оној на Велигденските празници.

Одлуката ќе биде донесена на седница на Владата. На утринскиот состанок на Штабот јас го изнесов мислењето и на Комисијата која со консензус смета дека треба викендот да биде целосно затворен како што беше оној за Велигден, сега од петок до понеделник, рече Филипче.

Во однос на ставот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, за престојниот празник да нема ограничување како за Велигден, Филипче посочи дека одуката ќе ја донесат стручните лица од Комисијата на заразни болести, врз база на епидемиолошки и медицински сознанија.