Османи: ДУИ активно ќе работи изборите да пропаднат
ДУИ ќе ги повика албанците да не поддржат ниту еден од кандидатите за претседател...

ДУИ нема да ги бојкотира претседателските избори, туку активно ќе работи тие да пропаднат. Овој став на Ахмети го потврди портпаролот Османи за, како што рече, да победи идејата на ДУИ за консензуален кандидат. Тој вели дека целта е да пропаднат овие избори, за да се издејствува промена на Уставот, а претседателот да се избира во Собранието.Во однос на предвремените парламентарни избори, Османи вели дека кој ќе биде во идната Влада, ќе решат граѓаните на избори.
„Кој било кандидат што ќе победи, доколку бидат успешни претседателските избори,за нас ќе биде нелегитимен и нема да биде претседател на Албанците,значи, целиот процес ние го сметаме за нелегитимен“, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Оспорувањето на легитимитетот добиен на избори нема ништо заедничко со демократските капацитети и однесување.Граѓаните решаваат на која опција ќе и ја дадат довербата, вели министерката за внатрешни Јанкулоска за ставовите на ДУИ. Според неа, изјавите на политичките функционери во овој период ќе влијаат на одлуката на граѓаните дали ќе поддржат сериозен демократски капацитет или нешто друго.
„Сите изјави што ги оспоруваат демократските институции на Република Македонија ќе наидат на широка осуда од мнозинството граѓани“, потенцира министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
За претседателската фотелја има 4-ца претенденти. Кампањата стартува на 24-ти март.
Милчо Велески
