Скопското обвинителство гони 19 прекршители на полицискиот час
12.05.2020 11:17
Обвинетите не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија ...

Против 19 лица кои не го почитувале полицискиот час Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради извршено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час се движеле на различни локации во Скопје.
